(ВИДЕО) Слушнете ја новата песна на Наташа Малинкова

Пејачката Наташа Малинкова, која важи за една од највредните изведувачи на македонската естрада, сними нова песна и во услови на пандемија.

Како и претходно, така и за „Сè што ми зема“, комплетен автор на ова најново музичко парче на Наташа е нејзиниот долгогодишен соработник Столе Аврамов.


Во ова време-невреме мислам дека на сите нас ни недостига музика. Јас и мојот тим имаме повеќе готови песни, но одлучивме дека сега е време токму за оваа песна и мислам дека направивме одличен избор, вели накусо Наташа.

Слушнете и погледнете го видеото за „Сè што ми зема“:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e