(ВИДЕО) Слушнете го дуетот на Турунџиева и Атиџе

Познатата македонска пејачка и водителка Сузана Турунџиева реши да ја посети Атиџе Муратова, ѕвездата од филмот „Медена земја“.

Турунџиева на социјалните мрежи сподели неколку фотографии од посетата на Атиџе, а во описот на албумот со слики напиша дека заедно пиеле кафе, се гушкале и смееле, а воедно истакна и дека 2020 година ќе ја памети по пријателството со Атиџе.

„Не престанавме 2020та да ја нарекуваме лоша, никаква, негативна, промашена година… Е па за мене 2020та е годината која (иако ми тргна лошо) ќе ја паметам по многу добри нешта, а најдоброто од се е пријателството со Атиџе- жената која ја испрати најсилната порака во светот и хероина, која во целост ја промени мојата “диоптрија” на животот.
Има малку моменти и ситуации за кои ми недостигаат зборови да се искажам… ова е еден од тие… Ќе оставам сликите и видеата да ви раскажат…Му благодарам на животот што ми даде прилика да ја посетам, да пиеме кафе, да се гушкаме, да пееме и да се смееме..
Фала ти животе“, напиша Турунџиева.

Водителката на својот Инстаграм профил сподели и видео на кое заедно со Атиџе ја пеат „Македонско девојче“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e