(ВИДЕО) Северина за неправедното одземање на синот: Бев лишена од 180 часа со мојот син поради самопрогласена самоизолација

Северина на својот Инстаграм профил објави видео од ланскиот концерт, во кое ја пее песната „Роџено моје“.

Имено, Северина доживеа вистинска драма за време на турнејата откако старателството над нејзиниот тогаш седумгодишен син припадна кај таткото на момчето.

Пејачката не криеше колку и е тешко, а сега со ова видео сакаше да обележи шест месеци откако судот ја донесе оваа одлука.

„Денес е точно половина година од неправедното раздвојување на осумгодишно момче од неговиот дом. Поминав точно 29 дена со мојот син во тие шест месеци, 690 часа да бидам поточна. Во тоа „рамноправно родителство“, исто така бев лишена од 180 часа поради самопрогласена самоизолација. Ова е мојот глас против неправдата. Ви благодарам на сите во салата кои дојдоа да ме поддржат и ми дадоа неверојатна количина на сила и љубов. Ви благодарам од дното на моето срце“ – напиша Северина во описот на видеото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e