Сека Алексиќ синоќа настапи во Националната класа во Белград, а за таа прилика избра многу атрактивен стајлинг.
Имено, пејачката се појави во латекс фустан кој ја следеше линијата на телото.
Тесниот фустан ја истакна секоја облина, а посебниот шлиц на градите го откри бујното деколте.
Во стилот на светските гиганти, Алексиќ го комплетираше стајлингот со високи потпетици, но стави и очила за сонце, веројатно за да не и пречат блицовите на фотоапаратот.