Објавен е новиот трејлер за третото продолжение на филмот “xXx: Return of Xander Cage” во кој Вин Дизел покрај својте мускули, ја покажува и својата храброст и неодоливост.
Дизел ја толкува улогата на тајниот агент и екстремен спортист кој се враќа од пензија за да ја спречи активацијата на уредот кој може да ги претвори сателитите во оружје за масовно уништување.
Тој се здружува со своите пријатели од претходните два филма, што ветува спектакл. Во новиот трејлер Дизел се тепа, скија низ шума и вози скејтборд на автобус.
Семјуел Л. Џексон ќе ја репризира својата улога на агентот Аугустус Гибонс, а покрај него ќе ја видиме и боливудската ѕвезда Дипика Пудакони, Нина Добрев и Руби Роуз.
Режисер на филмот е Роб Коен, а сценариото го напишаа Џон Бранкато и Мајкл Ферис кои работеа на филмовите “Terminator 3: Rise od the Machines”, “Terminator Slavation” и “Catwoman”.
Филмот треба да се појави во киносалите ширум светот од 20-ти јануари 2017 година.