(ВИДЕО) Му се слошило среде настап, Карлос Сантана се онесвестил на сцената

Легендарниот мексикански гитарист Карлос Сантана се онесвестил на сцената среде неговиот настап во Мичиген.

На социјалните мрежи се појавија снимки од инцидентот каде повеќе корисници го споделија моментот кога 74-годишникот колабирал на сцената во Pine Knob Music Theatre.

Медицинскиот персонал му пришол на помош, а Сантана брзо се освестил и додека со болничка количка го спроведувале надвор од концертната сала, тој им мавнал на обожавателите, со што ги воодушевил.

Карлос е во болница под медицински надзор, каде закрепнува, а неговиот менаџер Мајкл Врионис објаснил дека му се слошило поради „жештина и дехидрација“.

Сантана оваа година е на турнеја со Miraculos Supernatural, која започна пред неполн месец и требало да трае до август, но следното шоу закажано во Пенсилванија е откажано.

Музичарот минатата година бил подложен на „непланиран зафат на срцето“, кој бил доволно сериозен за да ги откаже своите настапи кон крајот на 2021 година.

„Ќе одвојам малку време за да закрепнам и одморам“, рече тогаш Сантана во видео пораката, во која откри дека отишол во болница откако доживеал непријатност во градите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e