(ВИДЕО) Митевски и Дац со нова песна – химна на новото време кое го живееме

Музичкото и пријателско дуо составено од Драган Спасов Дац и Александар Митевски, постојано изненадуваа со нови кавери изминатиов период.

За време на карантин, на полициски час, и во време кога социјална дистанца е најважна препорака, тие направија и неколку кавери со звучни имиња од музиката, а со нивните изведби го разубавуваа и развеселуваа секојдневието и ги освоија симпатиите на сите.
Денес објавија нова песна со наслов „Слика“ и за истата велат дека е „Песна откината од душата и срцето.. Химна на љубовта во ова НОВО ВРЕМЕ кое го живееме…“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e