(ВИДЕО) Миа Костова: Градите ги доверив на доктор, но со задникот можам и сама!

Самодовербата е најмоќното оружје на една жена, но нејзиниот најголем адут се градите. Па и затоа не случајно еден ден во календарот го заокружуваме како ден на кој им се дава слобода на градите со фрлање на градниците.

Една помеѓу најхрабрите девојки и која слободно зборува за табу теми, и секогаш јасно и гласно без влакна на јазикот го кажува својот став и цврсто стои зад него, овој пат реши да зборува за естетската хирургија која ја направи на себе. Миа Костова поранешна водителка на естрадниот магазин Бекстејџ, одлучи да ги зголеми градите но не поради комплекс туку поради естетика на нејзиното тело. „Имаше еден момент што мене не ми се допаѓаше на себе но не бев моќна да го променам сама“, вели Костова. Одложувањето за зголемување на градите било поради разочарување од понуденото за естетска хирургија кај нас, но и од доза страв.

Оваа девојка самодовербата од секогаш ја поседувала, но сега со нови гради е едено ниво повисоко, бидејќи сега е комплетно задоволна од сопственото тело. „Пред се мислам дека е само заради мене, сето ова што сум го направила. Самодоверба никогаш не ми недостигала“, вели Миа.

Дали за неа ќе важи она „фрлете ги градниците, слобода за градите, раскажува „За жал не, и тоа е една голема грешка што ја прават сите кои ставиле вештачки гради или размислуваат да стават вештачки гради. Многу е важно за импалнтите треба да се грижите како за сопстевните гради затоа што земјината тежа не е зафрканција“.

Во едно подалечно минато, градите на Миа Костова во целосно и природно издание ги видовме на насловна страница, дали истите сега со апгрејт ќе ги видиме на некоја плажа. „Плажа планирам секако, но не од поразголено издание во костим за капење. Првава година не планирам, но за понатаму може некаде подалеку. Во Грција не би се соблекла годинава“.

Како слободноумна девојка, вели естетската хирургија не е табу тема и нема потреба девојките да го кријат тоа, затоа што се што се нуди на тацна како што вели Миа треба да се искористи.

После зголемени усни, следуваше етапна тетоважа па зголемени гради, прашавме ќе менува ли Миа нешто друго на себе? – “Со естестка хирургија имам завршено за сега, но и понатаму. Затоа што се останато што сакам да поправам на моето тело можам да го направам сама, како поткревање задник или исцртување на тело“.

Следете ја својата желба и ќе дојдете до остварување на вашиот сон, вели примерот на Миа Костова, па макар и тоа да се силиконски гради кои ќе ви ја зголемат самодовербата за цврстно и сигурно да чекорите на земјата како вистинска и полна со себе жена. Едноставно „We can do it“!!!

Целото интервју со Миа за 1ТВ можете да го погледнете ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e