(ВИДЕО) Ќе завршат ли на суд Гвен Стефани и Фарел Вилијамс ?!

Музичарот Ричард Морил тврди дека двајцата ги прекршуваат авторските права.
Гвен Стефани и Фарел Вилијамс во 2014г заедно ја напишаа песната “Spark The Fire”, која е причина за тужба. Музичарот Ричард Морил тврди дека делови од песната се плагијат на неговата “Who’s Got My Lightah”од 1996 година.

Тој е поранешниот фронтмен на групата L.A.P.D., која подоцна стана Корн. Според него, тој кон крајот на деведесеттите години на Гвен и дал примерок од неговата песна. Затоа сега ја тужи компанијата Harajuku Lovers, како и дискографската куќа Interscope Records.

Морил како надоместок го бара целиот приход и профит од песната, како и надомест за судските трошоци.

Слушнете ја “Spark The Fire”:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e