(ВИДЕО) Јутјубер си ја претвори ВЦ школката во гејмерски компјутер

Јутјуберот Basically Homeless ја реализираше својата идеја и ја претвори ВЦ школката во гејмерски компјутер.

Јутјуберот го расекол казанчето за да ја овозможи поглед во неговата внатрешност, поделувајќи го на два дела, еден за собирање вода, а другиот за компоненти за гејмерски компјутер. Тој бил успешен во својот план, па нашол доволно простор за се, а казанчето станало компјутерско куќиште и воедно ја задржало својата примарна функција.

Во оваа работа тој морал да биде многу внимателен за да нема протекување вода што би ги уништило компјутерските компоненти.

Самата ВЦ школка му послужила како место за седење, а на ѕидот поставил монтажа со подлога за глувче, како и монитор. Сепак, тастатурата ја држи во скут.

Целиот процес на овој необичен проект може да се види на видеото штојутјуберот го објави на својот канал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e