(ВИДЕО) Ѓоковиќ опцу пред камера

Новак Ѓоковиќ минатата недела во Тел Авив ја освои 89-тата АТП титула во кариерата, но во текот на неделата имаше средба и со познатиот „читач на мисли“ Лиор Сучард. И додека во јавноста веќе се појави видео од Новак во неверување пред неговите трикови, тоа не беше крајот.

Ѓоковиќ во меѓувреме замина со финалистот од Тел Авив и добар пријател Марин Чилиќ на патување во казахстанскиот Нур-Султан на следниот турнир на кој учествуваат оваа недела, Астана опен.

А таму, српскиот тенисер имаше интересна средба со триковите на Сучард, поради која тој опцу!

Ѓоковиќ веќе го видовме шокиран откако Сучард го откри точното име на личноста на која мисли Новак, а сега на социјалните мрежи се појави уште едно видео. На него Ѓоковиќ морал да пресмета нешто на телефон, за со кликнување на знакот за еднаквост, калкулаторот да го покаже бројот 710.104.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e