(ВИДЕО) Физички нападнат холивудскиот актер Џејми Фокс

Холивудскиот актер Џејми Фокс во саботата излегол со пријатели на вечера, но наместо да се опушти и релаксира од заморниот живот на селебрити личност, Џејми доживеал инцидент.

Актерот и неговите пријатели биле премногу гласни за еден гостин во ресторанот , кој се приближил на нивната маса и почнал караница со Џејми.

“Нема да сакаш да си имаш работа со мене, јас сум од Њујорк”, извикал гостинот и предизвикал лута реакција кај еден пријател на актерот.

Не било потребно повеќе време за да оваа караница прерасне во физички конфликт, а веднаш потоа скокнале и неколку гости од ресторанот за да го задржат збеснетиот Џејми Фокс.

Сведоците тврдат дека на крај напаѓачот и неговите пријатели биле исфрлени од ресторанот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e