(ВИДЕО) Ѕведите на Гранд: Фантастичната изведба на „Море сокол пие“ и „Боже чувај ја од зло“ го пласираа Христијан Тришоски во третиот круг

Македонецот Христијан Тришоски својот настап во вториот круг го започна со евергринот „Море сокол пие“, за на крај да ја отпее „Боже чувај ја од зло“ од легендарниот Тоше Проески и да ги освои сите гласови од стручното жири, а со тоа и директно да се пласира во третиот круг на популарното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

– Сјајно, Христијан! Уште при изведбата на првата песна на сите и беше јасно што се случува тука. Честитки уште еднаш, прокоментира Ана Бекута и се приклучи на бројните позитивни коментари и овации за маестралниот настап на Тришоски.

Во следниот круг нивото на критичност повторно се зголемува, а само нијанси ќе одлучуваат кои од кандидатите ќе продолжат со шоуто.

Христијан Тришоски – Море сокол пие

Христијан Тришоски – Боже чувај ја од зло (Тоше Проески)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e