(ВИДЕО) Џон Леџенд и Криси Тајген го очекуваат своето трето дете

Криси Тајген откри дека очекува трето дете со сопругот Џон Леџенд со спот за неговата нова песна „Wild“, кој беше објавен во четвртокот.

По премиерата на видеозаписот, Тајген на Твитер сподели насмеан, заљубен емотикон, навестувајќи ја нејзината возбуда околу веста. Таа, исто така, наговести дека музичкото видео завршува со убаво изненадување.

Ова беше необичен начин да ја открие третата бременост, а само неколку часа по споделувањето на романтичното видео, 34-годишната манекенка го покажа своето трудничко стомаче за прв пат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e