22 годишната пејачка Дуа Липа ја имаше честа викендов да настапи на најгледаното спортско случување, Лигата на шампионите кое се одржа во Украина. Пејачката на сцената се појави облечена во холограмски шорц и бела блуза со деколте, од тул и проѕирни ракави. Толку едноставна што дури на нозете носеше бели патики за да може слободно да се движи во текот на целиот настап.
„Дејли мејл“ за аутфитот на пејачката имаше напишано „Кога знаеш дека ќе настапиш пред милион луѓе, мора да си сигурен дека го имаш вистинскиот атуфит. Ѕвездата изгледаше неверојатно. Оваа комбинација беше совршен микс од гламур и нешто забавно за спортски настан“.
Дуа Липа во својот перформанс ги изведе своите хитови „New Rules“, „One Kiss“,„No Lie“ и „Be the One“. Дуа Липа деновиве е популарна и со своето модно партнерство со компанијата „Ниден“. Во едно интервју таа изјавила дека создава облека што одразува сила и бестрашност, но и која одговара на брзината на денешницата.
Британски „Индипендент“ забележа дека некои нејзини обожавателки се лути затоа што лансирала линија на облека што одговара само на слаби девојки, според еден од нејзините твитови, што подоцна наводно бил избришан.
Дуа Липа е роденa на 22 август 1995 година во Лондон. Таа е англиска пејачка, текстописец и модел. Нејзината музичка кариера започнува на 14-годишна возраст, кога препејува песни од други уметници на „Јутјуб“. Во 2015 година потпиша со „Ворнер мјузик груп“ и набрзо потоа ја издаде својата прва песна.