Вечерва стартува фестивалот „Егзит“

Портите на фестивалот „Егзит“, годинава под мотото „Заедно. Секогаш!“, се отвораат денеска во 19 часот, а се очекува за четири дена да го посетат повеќе од 200.000 луѓе.

Меѓу настапувачите се Келвин Харис, Ник Кејв и „Бед сидс“, Иги Азалеа, Џејмс Артур, раперот Маск’д Вулф, Жу, „Сепултура“, Масео Плекс, Хани Дижон, Борис Брејча, Стефан Боџин, „АРТБАТ“, Денис Султа, диџеј Тенис, Анфиса Летјаго, Марки Рамон, „Напалм дет“, „Експлоитед“, „Блајнд чанл“, Адам Бејер Б2Б Енрико Санџулијано, Дакс Џеј, Сама ‘Абдулхади… Натаму, ќе настапи и регионален состав предводен од Констракта, Сенида, белградската панк-хипхоп група „Прти Би Ги“, Марчело, „Бркови“, Артан Лили, загрепски „Параф“, Кило Кило, Мими Мерцедес, Бојана Вунтуришевиќ, „Деца лоших музичара“, Кирил Џајковски…

Вратите се отвораат секој ден во 19 часот, а се затвораат во три часот наутро, по што не ќе може да се влезе во Петроварадинската тврдина во Нови САД. Фестивалот трае до 11 јули.

Поради очекуваната огромна заинтересираност за фестивалот, организаторите упатија повик до посетителите да дојдат порано, за да се избегне метеж и гужви пред портите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e