Васко Тодоров ќе ја потпишува книгата „Тошо Малерот: монологија“ во „Литература.мк“ во „Сити мол“

Васко Тодоров, кој е познат по неговото хумористично алтер-его Тошо Малерот утре (понеделник,17 август) во 19 часот во книжарницата „Литература.мк” во „Сити мол” ќе ја потпишува неговата книга „Тошо Малерот: монологија”.

Во делото се собрани култни монолози кои популарниот „батка” ги има кажано во легендарното шоу „К-15″ како и скечеви кои не биле емитувани на телевизија досега.

Сите обожаватели ќе може да ја купат книгата и да се запознаат со Васко. Притоа ќе бидат запазени и сите соодветни мерки за заштита така што посетителите ќе мора да носат маска и ќе биде контролиран влезот во книжарницата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e