Том Круз на чекор до потпишување на нов договор – Невозможна мисија 6!

Холивудскиот актер е многу блиску до склучување на договор за ново продолжение на “Невозможна мисија 6”!
Ништо не е невозможно – Се надеваме дека ова го научивте досега преку петте продолженија на популарната серија “Невозможна мисија”.

Том Круз е блиску до потпишување на договор со Paramount Pictures. Единствена точка која досега кочеше е хонорарот на Том, кој сега е на задоволително ниво.

Снимањето на филмот првично беше закажан за крајот на летото, но поради доцнењето во преговорите е одложен, и сега е закажано за 2017 година.

Кристофер Мек Кери е повторно потпишан како режисер и сценарист, додека продуцент овојпат е JJ Abrams. Покрај улогата на Том ќе ја повторат и Џереми Ренер и Ребека Фергусон.

Претходниот филм „Mission Impossible – Rogue Nation“ минатата година низ целиот свет заработи одлични 680 милиони долари!

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e