Тенди Њутон: На почетокот на кариерата бев сексуално злоставувана

Британската актерка Тенди Њутон (40) откри дека во почетокот на кариерата била сексуално злоставувана.

Таа тврди дека била уценета дека ако каже некому за тоа ќе остане без ангажман на филмот.

– Кога почнав да раскажувам, тоа на никого не им се допадна. Тие ми рекоа или да престанам за тоа да зборувам или да заборавам на кариерата. Мојата намера беше да ги предупредам идните генерации, рече актерката.

Таа откри дека била сексуално злоставувана од еден режисер на аудуција.

– Камерата ми ја ставаше под здолништето и бараше од мене да се допирам по градите додека размислувам за секс со мажот со кој требаше да играм, продолжи таа.

Тогаш таа останала без улога, но истиот режисер го сретнала подоцна на еден филмски фестивал.

– На поминување тој ми дофрли „О, Тенди, неодамна те гледав“. Мојот сопруг дозна  дека снимката од аудицијата ја покажувал на пријателите, но и дека ја користи за самозадоволување, изјави актерката.

Тенди се прослави со улогите во филмовите „Невозможна мисија“ и „Крах“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e