Тања Савиќ минува низ пекол – Имала спонтан абортус, сопругот не и дозволува да ги гледа другите деца

Тања Савиќ преживува пеколен период во нејзиниот живот, а по расправија со сопругот Душан Јованчевиќ и неможноста да ги види нејзините синови Максим и Ѓорѓе, кои се во Австралија со својот татко, пејачката го загуби бебето.

Во моментот кога беше најмногу потресена затоа што сфати дека не знае кога нејзините синови ќе се вратат, а освен тоа беше во војна со Душан, Тања се сомневаше дека е бремена. Прво, се разбира, се обиде да разговара со Душан и да ја спушти топката , а потоа размислуваше да му каже што се случува затоа што двајцата сакаат трето бебе, но тој беше суров, па одлучи бременоста да ја чува за себе, вели добро информиран извор за „Скандал“ и додава:

Тој не сакаше да попушти, и тоа ја погоди Тања, беше многу загрижена поради расправијата со него, поради нејзините синови, кои се оддалечени илјадници километри од неа, и нема поим кога ќе може да ги види. Сето ова, како што се очекуваше, влијаеше врз нејзините хормони и психофизичката состојба и се случи спонтан абортус. Тоа беше капка што ја прели чашата, завршува изворот за споменатиот српски медиум.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e