Таа е главна во ноќните клубови , продава маици и чаши со нејзиниот лик , а автограмите и селфи фотографиите ги наплатува. 39- годишната стриптизета , со која наводно Американскиот претседател во 2006 имал врска за една ноќ , настапува во Пентхаус клубот во Филаделфија.

Сторми  својата точка ја почнува облечена во сјајна пожарникарска униформа  , за потоа да собере стотици долари од бројната публика во танга гакичките . По 20 минутната жешка точка , телевизиската екипа , разговара со насобраните , кои се воодушевени од Сторми , но не веруваат дека аферата може да има влијание врз репутацијата на Американскиот претседател.

По настапот, Сторми се пресоблекува и ги продава своите ЦД , списанија и автограми за по 10 долари. Маицата со нејзиниот лик чини 25 , а селфи наплатува по 20 долари.

Без својот адвокат Мајкл Авенати , Сторми не дава интервјуа . ,, Не сакам новинари “ , вели насмеаната стриптизета, која го тужи Трамп за потпишаниот договор и за замолчување.