Српската естрада масовно се тестира: Прославата кај Цеца и кај Борисављевиќ се жаришта на корона вирусот

Изминатите недели во соседна Србија се одржаа две големи ВИП забави на кои се собраа голем број јавни личности, но судејќи по многу нешта, токму тие две забави биле вистински жаришта на коронавирусот.

Цеца и нејзиниот син Вељко, кој неодамна стана татко, денеска потврдија дека се позитивни. Позитивен е и соработникот и фризер на Цеца, Стеван Радивојевиќ, и токму тој имал многу контакти на двете забави на кои присуствувал додека не знаел дека е носител на вирусот.

Првата прослава била по повод раѓањето на внукот на Цеца каде присуствувал фризерот Радивојевиќ, но и водителката Душица Јаковљевиќ која веќе во саботата била хоспитализирана на Инфективната клиника во Белград, но по неколку дена излегла од болницата. Инаку таа ниту потврдила, ниту негирала дека има коронавирус.

Другата прослава била во чест на роденденот на Миа Борисављевиќ каде исто така бил присутен фризерот на Цеца кој веќе следниот ден објавил дека е позитивен на Ковид-вирусот и упатил апел да се тестираат сите кои биле во контакт со него.

Тој за српски „Блиц“ изјавил дека се чувствува уморно и малаксано.

„Имам благо покачена темпреатура и болки во мускулите“ – рекол тој.

По неговото јавно признание многу познати личности од српската естрада се во паника.

Цеца Ражнатовиќ и нејзиниот син Вељко се позитивни на коронавирусот по вториот тест.

Тестови за коронавирусот направила и Анастасија Ражнатовиќ. На двата теста младата пејачка е негативна на вирусот.

Инаку Цеца ја даде првата изјава по добивањето на резултатите од вториот тест:

– На повторениот тест и јас и Вељко сме позитивни. Вељко и јас се чуствуваме добро, немаме никакви симптоми. Ќе бидеме во домашна изолација, до повторното тестирање – изјавила познатата пејачка за српските медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e