Сопругот на Ребека со емотивна честитка за нејзиниот роденден: Среќен сум што не си икона, туку постоење!

Претседателката на здружението „Дајте ни крилја“ и поранешна пејачка, Ребека Јанковска-Ристески, завчера наполни 49 години. Роденденот на социјалните мрежи ѝ го честитаа и пријателите и фановите, но честитката од сопругот Мики привлече најмногу внимание:

„Колку сум среќен? Ти не си моја болка, туку лек. Среќен сум што не си икона, туку постоење. Среќен сум што сакаш до бескрај, а ништо не ти треба за возврат. Нека ти е среќен роденденот, најмила моја. Сакам само мирно море до бескрајот на хоризонтот. За Ребека, за целата среќа што ми ја подари“, стои во честитката од Мики на „Фејсбук“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e