Сведоштво за нападот: Сопругот на Беквалац имал долг од 50 000 еврa

Поп ѕвездата Наташа Беквалац со денови не излегува од домот откако нејзиниот сопруг Лука Лазукиќ брутално ја претепа во нејзиниот стан на Дедиње.

ИТ стручњакот не можел да се соочи со фактот дека неговата сопруга и мајка на малата ќеркичка го фатила во неверството. Пораките кои тој ги разменувал со неколку жени биле причина Наташа да побара објаснувања од партнерот. Бидејќи не можел да се снајде во оправдувањата ја удирал пејачката нанесувајки и лесни телесни повреди.
Како што пишуваше српскиот сајт „Ало“ Лука должел сума од 50 000 евра на повеќе луѓе од Белград, поради што дошло до расправија со Наташа неколку дена пред физичкиот конфликт. Имено, русокосата ѕвезда дознала дека Лука има сериозни долгови па пред Велигден се расправале околу тоа. Како што дознаваат српските медиуми Лука пред неколку месеци го продал својот стан во Нов Белград, а неговата сопруга не знаела за тоа.

„Таа дури сега сфаќа колку само не го познавала својот сопруг. Испливаа некои приказни кои таа прв пат ги слуша. Колку што знам Наташа воопшто немала појма за станот кој го поседувал Лука“ , вели извор близок до парот, кој додава дека кога Лука воочил дека неговите долгови не се намалуваат морал да удри по нешто или некого, односно нешто да стори.
Се дознава дека Лука воопшто не се чувствува добро по конфликтот, дека со денови се кае и плаче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e