Сопругата на Зеленски откри детали за нивниот бран за време на војната

Првата дама на Украина дала интервју во кое раскажала за својот однос со сопругот и како новонастанатите околности влијаеле на нивното семејство.

Володимир Зеленски и неговата сопруга Олена, одбиле да ја напуштат државата откако руската војска тргнала во напад на Украина на 24 февруари, па семејството и натаму е во Киев. Меѓутоа, претседателот е зафатен со своите обврски, па сопругата и своите деца ги гледа повремено.

„Ова не е нормално. Не е нормален односот кога децата не можат да го видат својот татко и мора со него да разговараат по телефон. Значи, нашата врска е на пауза, баш како и за сите Украинци. Чекаме повторно да бидеме заедно, да одиме на вечера заедно, да разговараме со децата за нивни работи“, истакнала првата дама на Украина.

Како што истакнала таа, на почетокот од војната таа воопшто не го гледала својот сопруг поради тоа што со нивната ќерка Олександра и синот Кирил се наоѓала на скриена локација.

Дури два месеци комуницирале по телефон. Олена неодамна дала интервју за „Good Morning America“ во кое истакнала дека се гордее со тоа што светот гледа каков човек е нејзиниот сопруг.

„Се поздравивме уште првиот ден. И во наредните два месеци имавме можност да разговараме само телефонски. Навистина сум горда на фактот што светот го откри вистинскиот карактер на мојот сопруг“, изјавила сопругата на Зеленски.

Таа додала и дека тешко ѝ е да му објасни на помалото дете каде е татко му и поради што не се заедно.

„Верувам дека децата сè јасно сфатија од првиот момент. Мојот син се труди да биде храбар. Постојано прашува за татко му, испитува што прави за одбраната на земјата“, заклучила Зеленска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e