Јана Бурческа полека се подготвува за преземањето на две нови улоги – сопруга и мајка.
Македонската пејачка, која годинава нè претставуваше на Евровизија, го покажа трудничкото стомаче „ишарано“ со траги од бакнежи, додека уживаше на моминска забава со блиските.
24-годишната изведувачка на „Денс Алон“ неодамна откри дека ќе добие ќерка.
Јана објави дека е бремена непосредно пред да настапи на евровизиската сцена, а истата вечер доби и предлог за брак.