Снаата на Цеца и новороденчето се негативни на коронавирусот

Како што пренесе „Блиц“, Богдана Ражнатовиќ и малиот Жељко се негативни на вирусот корона.

Целото семејство Ражнатовиќ веднаш се тестираше на корона вирус откако дознаа дека биле во контакт со заразено лице.

По тој повод се огласи и мајката на Богдана.

„Само што стигнаа резултатите и фала му на бога, негативни сме! Сите сме негативни! Вклучувајќи ја и Богдана и бебенцето и сите сме добро“, изјави Данијела за „Ало“.
Инаку Цеца и Вељко на првиот тест беа негативни, но откако направија и ПЦР тест дознаа дека се заразени.
Тие сега заедно „фураат“ карантин затворени во куќата на Цеца на Дедиње, а за медиумите изјавија дека се чувствуваат добро и дека немаат никакви симптоми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e