Славица Чуктераш заразена со коронавирус

Пејачката Славица Чуктераш има коронавирус, потврди нејзиниот ПР.

Имено, откако не се чувствуваше добро неколку дена, 35-годишната пејачка реши да се тестира, а тестот покажа позитивен резултат.

– Така е, Славица е позитивна за коронавирусот. Таа ги презема сите неопходни мерки, а во моментов секојдневно прима инфузии затоа што не се чувствува добро. Се разбира, се надеваме дека наскоро сè ќе биде добро и дека ќе се врати на работа супер подготвена – вели нејзиниот ПР за српски „Ало.рс“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e