Скандалозна кралска свадба: Братот и сестрата на идната принцеза Меган не се поканети

Вистински скандал се случи кога најблиските членови на семејството на идната војводка од Кембриџ, Меган Меркл, јавно открија дека нема да дојдат на нејзината венчавка затоа што не биле ниту поканети.

Томас Маркл Јуниор, братот на американската актерка и хуманитарка, изјави дека „Меган заборавила од каде доаѓа“ и дека нему не му е воопшто драго што така постапува.

-„Не сум ниту налутен, нитуповреден, можеби сум само огорчен.“ – рече братот на идната принцеза Меган за весникот „Сан“ и додаде дека му се кине срцето кога ќе му текне колку биле блиски.

„Пораснавме заедно, делевме се, па затоа оваа ситуација ми е чудна. Збунет сум од нејзините постапки баш затоа што сметам дека многу добро разбирам колку е чувствителна позицијата во која сега се наоѓа таа, како и фактот дека кралското семејство е „на удар“ од јавноста секој миг. Сепак сето тоа не може да биде оправдување Меган да заборави на своите корени и на своето семејство.“ – вели Томас.

Освен братот,на венчавката нема да присуствува ниту сестрата на идната војводка Самнта Грант, која исто така не добила покана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e