Скандал во „Ѕвездите на Гранд“: Саша Поповиќ и пушти снимка од почетокот на кариерата, а Карлеуша „полуде“ и го напушти снимањето!

Јелена Карлеуша се појави на последното снимање на „Ѕвездите на Гранд“ во студиото во белградски Кошутњак во црна црна комбинација, закопчана од глава до петици, но набргу си замина.

Имено, таа и Марија Шерифовиќ се забавуваа во студиото заедно со Саша Поповиќ, кому не му беше лесно да се справи со двете омилени членки на жирито. Во еден момент Поповиќ сакаше да ја изненади Карлеуша, арно ама, некако тоа не му појде од рака.

Имено, кога Поповиќ објави снимки од помладите денови и почетоците на пејачката, таа прво се фати за глава, а потоа демонстративно стана и го напушти студиото!

1399643_screenshot-2_ff

Поповиќ сакаше да ја потсети Јелена на една од нејзините први изведби, кога таа ја пееше песната „Огледалце“, по што на снимањето настана опшата смеа! Пејачката не беше воодушевена од ваквиот развој на настаните, па си ја зеде торбата и демонстративно го напушти студиото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e