Синот на Ријана веќе е мал милијардер

Пејачката Ријана и нејзиното момче Асап Роки, минатата недела, поточно во петокот на 13 мај, станаа родители на момче. Според странските медиуми, никој не знаел дека пејачката се породила, а неколку дена подоцна веста излезе во јавноста.

Она што сега е актуелно е веста дека новороденото дете на Ријана веќе има богатство проценето на 1,2 милијарди фунти, кога ќе се спои богатството на мајката и таткото, кое е многу поскромно и изнесува 7,2 милиони.

Ријана последен пат беше видена во јавноста на 9 мај кога излезе на романтична вечера со Асап Роки.

Според странските медиуми, Ријана е во својот дом во Лос Анџелес и се чувствува добро.

Ова е прво дете на Ријана и Асап Роки, а странските медиуми пишуваат и дека парот тајно се верил и дека Ријана во таа прилика облекла црвена венчаница со вел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e