Синот на Аца Лукас им ја затвори устата на злобниците

Андреј Лукас, синот на Аца Лукас неодамна почна да се занимава со шоу бизнис.

Очекувано, новинарите и злобниците го нападнаа дека татко му го “бутка“ на сцената користејќи ги своите врски.

Ја издаде својата прва песна, која наиде на одличен прием кај публиката.

-Мене ми е одлично. Ја објавив песната пред две недели и веќе имам над еден милион прегледи. Како за прва песна, јас сум презадоволен, рече Андреј.

Презимето кое го носи вели дека многу му значи. Но јасно им даде до знаење на оние кои коментираат лошо, дека татко му не ми се меша во кариерата и во изборот на она што ќе го работи.

-Секако дека ми дава многу совети. Кој може да ми даде подобри поуки од него? Во изборот на песна не ми помогна, тоа воопшто не е негов тип на музика, рече Андреј чие второ име е Лука, на кое додаде само едно “с“, за да го добие презимето на татко му.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e