Шоуменот Адам Севиџ обвинет за силување на својата сестра

Шоуменот Адам Севиџ, порано познат како водител на популарната емисија „Разбивачи на митови“ (MythBusters) доби обвинение за силување од сестра сѝ.

Имено, Миранда Пакчијана го тужи нејзиниот брат и тврди дека силувањата и сексуалната злоупотреба се случиле 1970-тите, кога тој имал меѓу девет и 12 години, а таа меѓу седум и 10 години. Обвинението е поднесено пред њујоршкиот Акт за деца жртви, што би гарантирало дека случајот нема да биде прогласен за застарен.

Таа тврди дека тогаш тој дури и се нарекол „борачот силувач“, како и дека сѐ тоа оставило „катастрофални и трајни повреди“ кај неа.

Севиџ (53) ги отфрли наводите на Пакчијана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e