Шокантен статус на српска пејачка за Наташа Беквалац!

Српската пејачка Индира Арадиновиќ, попозната како Инди, на својот Инстаграм профил објави порака која се однесува на Наташа Беквалац и нејзиниот случај со сопругот Лука Лазукиќ кој изминатиот период ја потресува балканската јавност.

На пејачката Инди очигледно и пречи што околу овој случај на семејно насилство врз русокосата поп пејачка се крена огромна медиумска прашина, па тоа и го сподели на социјалната мрежа.

„Не сум жива додека овој случај на Наташа Беквалац, како демек многу значаен, не се реши, па барем до септември да читаме за него, па да го испратиме летото како што доликува со секојдневните вести.“ – напиша Инди на Инстаграм.

„Сепак за тоа се интересира цела Србија“ – додаде иронично Инди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e