Шерон Стоун: Изгубив девет бебиња во спонтан абортус

Ние жените немаме простор да зборуваме за оваа болна загуба. Тоа не е мала работа. Сепак, принудени сме да мислиме дека тоа е нешто со кое треба сами да се справиме и дека е еден вид неуспех. Изгубив девет деца во спонтан абортус, откри актерката Шерон Стоун (64), која со посвојување стана мајка на три сина: Квин Кели, Лерд Вон и Роан Џозеф.

– Наместо да го добиеме толку потребното сочувство и емпатија и исцелување што ни е очајно потребно, здравјето на жените е препуштено на идеологијата на мажите – истакнува Шерон.

Таа беше поттикната да го открие своето болно минато од американската танчерка Пети Мургатројд, која неодамна објави дека го загубила бебето кога нејзиниот сопруг бил во Украина.

– Не знаев дека сум бремена. Крварев два дена. Мислев дека имам менструација “, рече Мургатројд во интервју за магазинот People.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e