Северина за заразените од коронавирусот: Не се однесувајте како кон шугави!

Северина Којиќ неодамна ги извести следбениците на Инстаграм дека е позитивна на коронавирусот, меѓутоа, изгледа сите немаат сфатено дека болеста никого не избира и дека секој од нас може да се инфицира, па затоа пејачката се соочи со негативни коментари.

Токму затоа одлучи повторно да се огласи на социјалните мрежи и на сите да им објасни како би требало да се однесуваме кон лицата што имаат корона.

-Никој од нас не знае дали ќе се зарази со вирусот или е имун на него. Затоа, да се чуваме едни со други и да не се осудуваме. Битно тие што знаат дека се инфицирани да бидат одговорни и да не ги загрозуваат другите. Апелирам до сите луѓе да не се однесуваат кон позитивните на корона како да се шугави, особено во малите места, за што ми пишуваат луѓето, туку да им помогнат ако се во можност. И телефонскиот разговор или пораката некогаш се доволни за да покажете дека мислите на тој некој. Знам дека не смеете да одите кај нив, затоа, однесете им овошје или топла супа до вратата. Баталете ги бројките и озборувањето! Солидарноста е она што може да не’ спаси и да не заштити“, порача пејачката на Инстаграм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e