Северина обвинета за плагијат, копирала слика за омот на плочата од својот албум

Хрватската пејачка Северина Којиќ моментално е на голема турнеја. Меѓутоа, додека таа се подготввува за настап, во Хрватска било одржано судење по тужба од еден сликат, 84-годишниот Мије Ковачиќ, кој поткренал парница поради тоа што на омотот на нејзината плоча од 2008 година, без негово одобрение, биле користени мотиви од негова слика.

Според пресудата на загрепскиот суд, Северина, издавачката куќа „Dallas Records“ и фирмата „Motivi d.o.o.“, би требало на сликарот да му платат отштета од 26.089 куни, односно 3.500 евра, со камати.

Сликарот за „Jutarnji list“ изјавил дека иако не ја слуша нејзината музика, би и дал дозвола за користење на мотивите од неговите слики, само доколку го прашала. Исто така, тој додал дека не верува дека ќе доживее да биде исплатен, бидејќи ова е пресуда од првостепен суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e