Се раздели најубавиот пар во Турција: Познатиот „срцекршач“ Бурак е разочаран од сопругата

Се погласно се шушка дека Бурак Озчивит и Фахрије Евџен решиле да стават крај на нивниот брак.

Како што наведуваат турските медиуми Бурак кој се прослави со улогата на Бали-бег во популарната серија Сулејман Величествениот не може никако да најде заеднички јазик со својата сопруга која пред нешто повеќе од година дена му го роди синот Каран.

Од друга страна, Фахрије наводно паднала во депресија откако по тешко боледување животот го изгуби нејзиниот татко.
Таа наводно не сакала да оди кај психолог, што ја советувал нејзиниот сопруг, па проблемите во нивниот однос почнале да се продлабочуваат. Посебно што Бурак речиси целосно ја преземал грижата околу нивното дете заради тешкиот период низ кој што поминува неговата сопругата.
Најголем проблем настанал токму околу воспитување на детето.

Како што пишуваат турските таблоиди, Бурак наводно немал повеќе сила да се бори со депресијата и несогласувањата со неговата сопруга Фахрије, па одлучил да побара развод што ја шокираше јавноста.

Но овие гласини досега никој од нив ги нема потврдено, а како што пренесуваат медиумите, сопругата на најпознатиот турски актер за да го спаси бракот, наводно решила да направи пауза од својата актерска кариера и максимално да му се посвети само на своето семејство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e