Се рассоблече, а сега треба да плати казна за тоа

Манекенката Џулија Роуз, која заедно со другарките Лорен Самер и Кејла Лорен се соблече на еден бејзбол натпревар, сега треба да плати казна во висина од околу 70.000 евра.

Со покажувањето на градите, девојките сакале да го промовираат својот 18+ магазин „Шегмег“, целосно уверени дека нивната разголена точка ќе привлече медиумско внимание.

Роуз подоцна се обидела да се извлече со тоа што изјавила дека всушност сакала да помогне во подигнување на свесноста за ракот на дојката, но нејзината игра била навистина проѕирна и никој не паднал на тоа.

Трите девојки поминале со „лесна“ казна, бидејќи ваквиот потек можел да им донесе и притвор. Но и покрај тоа, тие не планираат да престанат со ваквите разголени настапи во јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e