Сузана Манчиќ добила понуда од една украинска филмска продукција да сними документарен филм за нејзиниот турбулентен живот.

Тие веќе некое времесе заинтересирани за водителката бидејќи им се допаднал начинот на кој таа е експонирана во јавноста, а посебно делот што двапати се нашла во секс афера и во јавноста протекоа нејзини порно снимки.

„Лото девојката не направи само промена во Србија, туку на целиот Балкан. За случувањата во нејзиниот живот често се зборува. Поради тоа, влијателни новинари од Украина дошле до идеја да направат документарен филм бидејќи ја сметаат за една од најфаталните жени на Балканот. Филмот би траел 2 часа и би се емитувал во 4 епизоди од по половина час“.

„Во план е и исповед на водителката која ќе ги открие и најшокантните детали од нејзиниот приватен живот, каде ќе раскаже како ги одбивала едни од најопасните градски криминалци, била сведок на многу пукања, а ќе ги открие и имињата на познатите мажи кои биле опседнати со неа додека беше секс-симбол на Југославија“, вели изворот.

Тој вели дека е во план двете домашни порно снимки со поранешниот сопруг и со сегашниот партнер ќе се емитуваат во една епизода.

„Посебно внимание е обрнато на нејзините домашни порно снимки. Ќе се бара нејзина дозвола за да се пуштаат тие клипови. Во план е да се разговара и со свата нејзини партнери бидејќи сакаат да прикажат како Сузана функционира со нив по скандалите“, додава изворот.