Сандра Булок се повлекува од актерството: Прегорев

Сандра Булок го објави своето повлекување од актерството во големото интервју што го даде за Холивуд Репортер.

“Целосно изгорев. Толку сум уморна што не можам да носам здрави, паметни одлуки и свесна сум за тоа”, изјавила актерката. Таа вели дека ужива во идејата да креира свој распоред и дека сака тоа да го прави исклучиво за себе.

Актерката, која во својата 30-годишна кариера снимила близу 50 филмови, вели дека е благодарна за успехот што го постигнала, но дека отсекогаш била загрижена за неговото влијание врз нејзиниот приватен живот.

„Секогаш работев, па имав среќа. И сфатив дека работата ми стана патерица. Тоа беше како постојано да го отворам фрижидерот и да барам нешто што никогаш не е во него. Си реков „Престани да бараш затоа што не треба да се докажуваш повеќе.Треба да бидеш добра и без работа што ти треба како потврда за успехот“, изјавила актерката.

На прашањето кога ќе се врати на актерството, таа едноставно одговорила: „Не знам“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e