САФ, Ван Гог, Неверне Бебе, Сарс, Негатив на јубилејниот Пиволенд 2017

Десеттиот јубилеен роденден на Пиволенд, традционално ќе се одржи на Скопското Кале, од 7-ми до 12-ти август.

Почнувајќи од 2008 година досега, на фестивалот настапиле големи имиња од светот на музиката кои оставија свој белег на Пиволенд- Stereo MC’s, Суперхикс, Есма, Психомодо Поп, Дубиоза Колектив, Kosheen, Забрањено пушење, Рамбо Амадеус, Ортодокс Селтс, Синтезис, Кирил Џајковски, Гоце Арнаудов, Ритам Нереда, Ареа, Фолтин, Филм, Мањифико и уште многу други.

На овогодинешното јубилејно издание, посетителите ќе се забавуваат со Ван Гог, Неверне Бебе, Сарс, Негатив, а по подолго време со концертен настап ќе ги видиме и САФ.  Интересен настап ќе понудат и девојките од Tribute to Beyonce, а за љубителите на фудбалот на 7 и 8 август подготвени се повеќе содржини во кои ќе може да уживаат во навивачка атмосфера, како и пренос на фудбалскиот натпревар од Реал Мадрид- Манчестер.

Наскоро ќе биде објавена целосната програма, како и сите забавни активности кои ќе бидат дел од Пиволенд 2017.

Фестивалот е под покровителство на градот Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e