Роденденско интервју со Тамара Тодевска: Не е прерано за второ дете

Кога дознавме за бременоста се израдувавме, затоа што и двајцата сметаме дека ова е нешто што само ќе ја надополни нашата среќа. Не мислам дека Хана ќе изгуби од нашето внимание и дека е прерано да се има второ дете. Вака ќе биде весело и многу, многу гласно.

Родена е на ист ден со Мерилин Монро, педесет и девет години по неа. Поп-ѕвездата Тамара Тодевска денеска полни 33 години и е во својот најубав животен период. Таа и нејзиниот сопруг, поранешниот кошаркар и спортски директор на „Работнички„ и на „Фени“ Александар Димитровски- Мачка чекаат второ дете, кое треба да се роди оваа зима. Тамара и Мачка се посветени родители на Хана која неодамна наполни две години. Во искреното интервју за Женски магазин, Тамара вели дека втората бременост ја поднесува поразлично од првата, а на класичните симптоми со мачнини гледа како на дел од среќата. Со шарматната пејачка муабетевме и за нејзината емотивна сличност со Мерлинка, музиката, времето поминато со Хана и за роденденското изненадување кое го очекува од сопругот.

Вук и Хана имаат таква релација која е едноставно топење. Вук е грижлив и ја вика „мојата мала сестричка Хана“.- Тамара со внукот и со ќерката на нејзиниот роденден

*Како ќе го прославиш овој роденден, што си посака како роденденска желба?

– Мислам дека на Александар ќе му препуштам да ме изненади. Од кога ја имаме Хана, нејзините родендени ми се највесел датум и целосен фокус. Инаку, желбите за роденден кај мене никогаш не се од материјална природа, само посакувам да сме сите здрави живи и спокојни.

* Родена си на ист ден со Мерилин Монро. Според она што си го читала за неа, што мислиш, имате ли карактерни сличности ?
– Интересно е колку денес Мерилин Монро е актуелна. Во време кога Холивуд го тресат скандали за сексуално вознемирување и заканите на моќниците на холивудските студија, размислував колку таа морала да трпи во тој сосем неправеден систем на вредности, кога студијата буквално како предмет ги поседувале актерите. Мислам дека мојата сличност е токму наивноста со која влегував во бизнис колаборации, сметајќи дека секој со кого работам е чесен. Така низ годините сфатив дека емоциите и бизнисот се сосема неспоива работа.

Целото интервју прочитајте го на Фактор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e