Роби Вилијамс убеден дека страда од аутизам

Роби Вилијамс сака да си поставува дијагнози, и овој пат тој е цврсто убеден дека боледува од аутизам. Причината е што тој имал многу „наметливи мисли, зависности, ментални проблеми“.

„Дефинитивно ми недостасува нешто. Јас веројатно страдам или од синдромот Аспергер или од аутизам. Јас едноставно не знам во кој спектар сум, но сигурен сум дека сум таму некаде. Многу е тешко да се биде во мојата глава, тоа не е лесно“, рече пејачот.

Пред некое време, Роби одлучил дека страда од NS-RED (Nocturnal Sleep-related Eating Disorder). Што значи тоа? Роби самиот објаснува: „Јас правам нешто многу чудно, што трае повеќе од една година. Јадам ноќе. Јас не сум буден, јас сум апсолутно заспан, но станувам, одам во фрижидер и јадам. Не го правам тоа намерно, јас дури и не знам што правам, но тоа се случува многу често. И очигледно додека јадам во текот на спиењето, не ми се допаѓа бриселска зелка, туку само шеќер, премногу шеќер. Голтам огромни количини на слатка калорична храна“.

Затоа преку ден тој бил на строга диета.

Претходно, откри дека страдал од артритис. „Имам сериозни проблеми со грбот поради артритис. Танцувам како дедо на свадба, и морам да направам нешто за да го пополнам времето на сцената“, рече тој во едно интервју.

Навистина не е лесно да се биде во главата на Роби Вилијамс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e