Ријана прогласена за најмладата милијардерка во САД која сама ги заработила парите

Ријана официјално стана најмладата милијардерка во Америка која сама го заработила своето богатство, односно не го наследила од семејството или го стекнала преку брак.

34-годишната пејачка родум од Барбадос неодамна беше прогласена за најдобро рангирана музичарка на листата на Forbes, а сега стана единствената милијардерка помлада од 40 години.

Богатството на Ријана се проценува на 1,4 милијарди долари, а за тоа е заслужен успехот на нејзините брендови Fenty Beauty, Fenty Skin и Savage X Fenty.

„Никогаш не можев да замислам дека ќе заработам толку пари. Се разбира, и понатаму продолжувам да работам напорно, но нема да дозволам да бидам опседната со парите“, изјави таа претходно за New York Times.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e