Разводот со Амбер Херд, Џони Деп ќе го чини 7 милиони долари

Херд објави дека седум милиони американски долари, што ќе ги добие од Деп, ќе ги подели на Американската асоцијација за човекови права и Детската болница во Лос Анџелес

Бурниот развод на филмските ѕвезди Џони Деп и актерката Амбер Херд заврши во петокот со договор со кој Деп на неговата поранешна сопруга треба да и плати седум милиони американски долари.

Херд го поднесе барањето за развод во мај минатата година, по 15 месеци брак, а потоа веднаш доби привремена судска заштита од Деп. Во барањето за развод Деп е обвинет од неа за насилство во врска, која кулминираше во мај, кога наводно познатиот актер и фрлил мобилен телефон во лице и скршил неколку предмети во нејзиниот стан.

Адвокатот на Деп ги отфрли обвинувањата, велејќи дека Херд се обидува преку лажни обвинувања да дојде до финансиска корист.

Документите од разводот покажуваат дека Деп ќе ја задржи сопственоста на големиот недвижен имот, вклучувајќи ги и оние во Лос Анџелес и Париз, и неговиот приватен остров на Бахамите. Ќе остане сопственик и на колекцијата на повеќе од 40 возила, олдтајмери, автомобили и мотоцикли.

Додека пак Херт ќе ги задржи своите две кучиња, Pistol i Boo, кои се најдоа во центарот на скандалот во 2015 година, кога актерката се обиде да ги внесе во Австралија без да ги почитува законските процедури, да бидат во карантин.

Херд објави дека седумте милиони американски долари, што ќе ги добие од Деп, ќе ги подели на Американската асоцијација за човекови права и Детската болница во Лос Анџелес. За сега,  Деп и има исплатено 200 илјади долари, а остатокот ќе ги добие во текот на годината, од парите што актерот треба да ги заработи од следниот филм – новото продолжение  на “Пиратите од Карибите”, како и од продажба на дел од својот имот.

Пирс О’Донел, адвокат Амбер Херд го поздрави договорот за развод како “голем ден” за неговиот клиент, додавајќи дека разводот е “она што го сакаше Амбер, а сега е тоа направено”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e