По интимната и скромна венчавка во Лас Вегас, Џенифер Лопез (53) и Бен Афлек (50) викендов ќе имаат гала прослава за своите пријатели и семејството.
Станува збор за раскошна, тридневна прослава која започнува во петок со пробна вечера, пишува „Page Six“.
Во сабота ќе има свадбена церемонија, а недела е поставена за скара и пикник.
Оваа втора венчавка ќе се одржи на имотот на Афлек во Рајсборо, Џорџија. Се очекува Џенифер да носи уникатен фустан на Ралф Лорен, кој според нејзините мерки е изработен во Италија.
Магазинот Vogue ќе ги следи и документира нејзините модни комбинации за тридневната венчавка.
Да потсетиме, Лопез и Афлек за прв пат се венчаа на 17 јули во Лас Вегас, а Џенифер потоа го промени презимето во Афлек, но изјави дека ќе продолжи да го користи своето старо презиме во јавноста.