Протекоа нови детали за непријателството помеѓу Бијонсе и Ким

Џеј Зи е сопруг на славната Бијонсе, а Канје Вест е сопруг на најпопуларната старлета во светот Ким Кардашијан. Раперите биле најдобри пријатели и бизнис соработници, но нешто се случило помеѓу нив…

Иако веќе со години се „шушка“ дека Бијонсе не може да ја поднесе Ким, на површина излегоа некои нови детали.

Веднаш да резимираме: раперот Џеј Зи е сопруг на славната пејачка Бијонсе, а Канје Вест е сопруг на најпопуларната старлета во светот Ким Кардашијан. Раперите биле најдобри пријатели и соработници, но нешто се случило меѓу нив, бидејќи дуото не е толку блиско.
Канје неодамна го потврди тоа признавајќи дека нивните деца никогаш не играат заедно, ја наводно и Џеј Зи неодамна зборувал дека „не може да го поднесе тој идиот“.


Но, се чини дека нивните убави сопруги се причината зошто момците повеќе не се блиски, иако веќе со години се „шушка“ дека не се согласуваат, а сопружниците Картер не се удостоиле ниту да се појават на венчавката на Вестови.
Но, порталот Page Six има некои нови сознанија за нивното пријателство. „Бијонсе никогаш не ја сакаше Ким. Ја трпеше поради сопругот и заедничките пријатели, како што е на пример Џенифер Лопез. Секогаш беше ладна кон Ким, а последниот пат кога се најдоа на исто место, Бијонсе веднаш се тргна што подалеку од неа. Нивните разговори секогаш беа преполни со непријатни паузи“, открил непознат извор.

Ни звучи како средно училиште…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e