Принцот Хари и Меган за прв пат фотографирани заедно!

Иако за нивната врска се зборува веќе некое време, сега за прв пат имаме можност да видиме заедничка фотографија од Принцот Хари и актерката Меган Маркл.

Имено, парот беше фотографиран вчера вечер на романтичен состанок во “SoHo House” во Лондон, а двајцата изгледаат прилично заљубено држејќи се за рака.

Хари и Меган изгледаат како да имале опуштена вечер, бидејќи и двајцата се облечени во лежерни комбинации со отпетлани кошули и пантолони.

“Се трудеа да останат незабележани, седејќи во потскриен дел од ресторанот”, изјавил еден очевидец за магазинот “The Sun”.

Се надеваме дека ова нема да биде последната фотографија која ќе ја видиме од нив, па во иднина очекуваме да нѐ почастат со уште многу јавни појавувања како пар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e