Претставата „Приказната на заборавените предци“ изведена во Домот на културата во Виница

На сцената на Домот на културата „Тошо Арсов“ од Виница синоќа беше изведена претставата „Приказните на заборавените предци“.

Станува збор за комедија работена според приказните на Дедо Илија Кочовски, а во режија на Андреј Цветановски.

Претстава премиерно беше изведена на 28 август во село Слојштица како дел од фестивалот „Славење на пирејот“, кој се одржа по десетти пат. Претставата се изведува и во Театар Комедија во Скопје.

Во претставата настапија актерите Дамјан Цветановски, Тони Денковски, Сергеј Димовски и Исидор Јованоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e